Тони и Дубравка Цетински ја крунисаа својата љубов со брак пред 7 години, а сега се венчаа и во црква.
52-годишниот хрватски пејач и неговата сакана си разменија брачни завети во црква на полуостровот Истра.
Познатиот музичар сподели фотографии од церемонијата заедно со порака во која стои: „Ние самите немаме моќ да љубиме до вечноста, но со силата на Евхаристијата, отелотворена во Христа, можеме да љубиме надвор од човечките димензии. Мажи, сакајте ги своите жени како што Исус ја сакаше Црквата и се даде себеси за неа.“








Ова е трет брак за Цетински, кој неодамна стана и дедо. Тој доби внука од неговиот син Кристијан.