Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Бакни ми го Тоше и запејте“: Тони Цетински со емотивна порака се збогува со Оливер Драгојевиќ

„Бакни ми го Тоше и запејте“: Тони Цетински со емотивна порака се збогува со Оливер Драгојевиќ

Музичкиот свет изгуби еден од најталентираните хрватски музичари на сите времиња. Оливер Драгојевиќ почина вчера, по едногодишна борба со рак на белите дробови.

Славни личности и негови колеги со тага во срцата се зборуваа со легендарниот пејач.

Тони Цетински трогна многу срца со емотивна порака за својот добар пријател, со кого го сними дуетот „Morski Vuk“.

Тони Цетински и Оливер Драгојевиќ

Драг мој морски волку,

Ништо повеќе нема да биде исто по твоето заминување, драг наш Оливер.

Сите твои шеги и глупости за кои се смеевме како деца се моменти кои никогаш нема да ги заборавам.

Морам да ти признам дека те сакав и те сакам како да си ми татко.

Од тебе учев најмногу, бидејќи од тебе најмногу и добив.

Ти им се предаваше на луѓето и пријателите и не се штедеше во тоа. Затоа и си НАШ Оливер!

Во тоа лежи уште една од тајните на твоето успешно постоење и работа.

Отсекогаш си бил доказ дека не е доволно да бидеш само врвен уметник, туку и ЧОВЕК, и големо БЛАГОДАРАМ поради тоа. Голема среќа и гордост е што живеев и го запознав животот познавајќи те тебе.

Сега имам длабока болка во градите и голема празнина во мислите. Песните кои ни ги остави сега се единствена утеха.

Искрено сочувство до целото семејство. Неопислива болка.

Почивај во мирот Божји, мој пријателу и учителу. Те сакам и секогаш ќе те сакам.

P.S. Те молам уште нешто. Бакни ми го Тоше и запејте една песна за сите времиња.

И нему му беше голем пример и пат кој треба да се следи.

Цетински ја сподели песната на Драгојевиќ „Moj Lipi Andjele“.

Тони Цетински и Оливер Драгојевиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11991 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.