Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Тие ми се најскапоцените подароци“: Кендис Сванапул сподели слатки фотографии од синчињата

„Тие ми се најскапоцените подароци“: Кендис Сванапул сподели слатки фотографии од синчињата

Кендис Сванапул е пресреќна поради проширувањето на нејзиното семејство.

29-годишниот ангел на Victoria’s Secret објави неодоливи фотографии од синчињата и го откри името на малото бебенце. На едната фотографија, едногодишниот Анака нежно го бакнува новороденото братче.

Во описот, убавата Јужноафриканка напиша: „Ова се најскапоцените подароци кои животот ми ги има дадено. Јас сум среќна жена што сум нивна мајка, за да ги водам низ ова нешто наречено живот... Сега тие засекогаш ќе се имаат еден со друг. Анака и Ариел“.

Анака и Ариел Анака и Ариел

Кендис сподели и кратко видео во кое малиот Ариел носи дрес од Бразил, од каде што потекнува неговиот татко:

A post shared by Ariel Nicoli (@ariel.nicoli) on

И свршеникот на Сванапул, Херман Николи, му посака добредојде на вториот син на социјалните мрежи. Тој сподели фотографија со бебенцето и напиша: „Тој мирис е сè“.

Херман и Ариел

Кендис започна да се состанува со Херман уште на 17-годишна возраст. Тие се свршија во 2015 година, а Анака се роди во октомври 2016 година.

Кендис и Анака Кендис Сванапул Кендис Сванапул Анака и Ариел Кендис и Николи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.