Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ти благодарам што ми покажа што е вистинска љубов“: Ванеса Брајант со емотивна порака на 42-риот роденден на Коби

„Ти благодарам што ми покажа што е вистинска љубов“: Ванеса Брајант со емотивна порака на 42-риот роденден на Коби

Ванеса Брајант со емотивна порака му го честиташе 42-риот роденденот на Коби.

38-годишната сопруга на прерано починатиот кошаркар објави нивна заедничка фотографија, а во описот опиша колку многу ѝ недостигаат тој и нивната ќерка Џиџи. Ова е прв роденден на Коби по неговата смрт во хеликоптерската несреќа, во која почина и ќерка му Џиана.

Ванеса и Коби Брајант

Среќен роденден, бејби! Те сакам и ми недостигаш повеќе отколку што некогаш ќе можам да објаснам. Посакувам да бевте тука со Џиџи за да славиме за ТЕБЕ! Посакувам да можев да ти ја направам омилената храна или роденденска торта со мојата Џиџи. Ми недостигаат твоите големи прегратки, твоите бакнежи, твојата насмевка, твоето гласно смеење. Ми недостига да те задевам, да те засмевам и да го пукам твојот балон. Ми недостига да ми седиш во скутот како мое големо бебе, какво што и си. Постојано мислам на твоите нежност и трпение. Мислам на сè што ти би направил во ситуациите за да ми помогнеш да се справам со сè што ми е фрлено на патот.

Ти благодарам што растеше со мене и што ме научи како да бидам силна. Како да се обидувам да го видам доброто во луѓето. Екстремно ни недостигаат твоите внимателни гестови и неверојатниот начин на кој правеше сите да се чувствуваме. Секојдневно си ја замислувам твојата насмевка и твоите широки големи прегратки за добредојде. Боже, колку ми недостигате и двајцата. Нашите животи се многу празни без тебе и Џиџи. Јас сум тотално скршена внатрешно.

Колку и да сакам да плачам, ставам насмевка на моето лице за да направам денот на нашите ќерки да биде малку посветол. Јас не сум силната, тие се. Тие се силни и жилави. Сигурна сум дека се гордееш со нив. Секој ден ми ставаат насмевка на лицето. Посакувам да можев да се разбудам од овој ужасен кошмар. Посакувам да можев да ги изненадам нашите девојчиња и да ве пречекам со Џиџи дома кај нас.

Лута сум што не заминав прва. Секогаш сакав да заминам прва за себично да не морам да ја чувствувам оваа болка. Требаше јас тебе да ти недостигам. Џиџи требаше да е тука со нејзините сестри. Требаше да бидам јас. Има многу нешта кои сакам да ви ги кажам и покажам тебе и на Џиџи. Толку многу нешта кои и двајцата ќе бевте среќни ако ги видевте и ако учествувавте во нив. Многу важни настани за нашите девојчиња. Многу нешта со кои ќе се гордеевте.

Благодарна сум што имам парчиња од рајот тука на земјата за кои се будам, благодарение на ТЕБЕ. Ти благодарам што ме сакаше толку многу за да трае неколку животи. Во секој живот би те избирала тебе. Ти благодарам што ми покажа што е вистинска љубов. Ти благодарам за сè. Знам дека мојата Џиџи слави за тебе како што секогаш правеше на нашите специјални денови. Многу ми недостига мојата внимателна принцеза! Со Наталија, Џиана, Бјанка и Капри ти посакуваме среќен роденден, љубов моја. Те сакам сега, засекогаш и вечно.

И нивната најголема ќерка Наталија напиша порака на Instagram за Коби.

Наталија и Коби Брајант

Среќен роденден Тато! Ми недостига твојата насмевка, смеата и големите прегратки. Среќен роденден на најдобриот пријател за гледање филмови кој можев некогаш да го посакам. Секогаш ќе ги паметам нашите ноќни возења до киното со отворени прозорци, слушајќи ги нашите омилени песни. Те сакам секогаш и засекогаш.

Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана го изгубија животот во хеликоптерска несреќа во Калабасас на 26 јануари годинава заедно со уште седум други лица. Со Ванеса имаат и три други ќерки.

Коби Брајант Брајант

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.