Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Телохранител ја обвини Бритни за сексуално злоставување

Телохранител ја обвини Бритни за сексуално злоставување

Бивши член на обезбедувањето на Бритни Спирс поднесе тужба во која тврди дека поп пејачката му нанела емоционални лузни со тоа што го раскривала своето голо тело пред него, го навредувала и му се заканувала дека ќе го отпушти.

Фернандо Флорес, којшто започнал да работи за Бритни во февруари, бара одредена сума на пари што се чува во тајна за тоа што бил понижувам и трауматизиран од 28-годишната пејачка.

Бритни Спирс и Фернандо ФлоресБритни Спирс и Фернандо Флорес

Тој тврди дека Бритни во неколку наврати се појавувала пред него гола. Во тужбата е опишано како еднаш Бритни облечена во проѕирен фустан од бела чипка се доближила до него, намерно ја испуштила запалката од рацете и се наведнала да ја земе, со што ги раскрила гениталиите пред Флорес. Уште во тужбата се вели дека ваквата постапка предизвикала шок и одвратност кај Фернандо.

Флорес тврди и дека еднаш Бритни го повикала во својата соба, каде што стоела гола. Откако двајцата стоеле некое време во тишина, Флорес ја прашал Бритни дали има потреба од нешто, а таа побарала само две шишиња 7 Up.

Но, тоа не е сè. Телохранителот уште ја обвинил Бритни дека ги малтретирала своите деца. Еден ден младата пејачка му побарала колан на Флорес, влегла во куќата и со него го удрила двапати својот син Престон.

Тужбата против БритниТужбата против Бритни

Исто така, според неговите зборови, Бритни еднаш ги принудила своите деца да јадат месо од рак, иако знаела дека се алергични на месо од риба. Кога двете деца почнале да повраќаат, таа не му дозволила на никој да се вмеша викајќи: „Бркајте си ја својата ***** работа“.

Блиските на Бритни ги нарекуваат овие обвинувања апсурдни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10613 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.