Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс за кратко време ќе му посакаат добредојде на овој свет на нивното четврто дете. 35-годишната актерка го покажа својот труднички блесок на церемонијата „American Cinematheque Awards“ во Лос Анџелес, каде на нејзиниот сопруг му беше доделена специјална награда.
Славниот пар со заљубен поглед и широка насмевка освојуваше на црниот тепих.


Ѕвездата од „Gossip Girl“ одржа говор во чест на својот сакан, во кој ги истакна сите негови квалитети и рече дека таа и нивните ќеркички сега се неговиот дом.
„Јас сум неговиот дом и нашите девојчиња се неговиот дом. Без разлика дали е на другиот крај од светот или на состанок преку улицата, тој по автоматизам се враќа дома. Ако се врати дома од сетот, а да не биде во неговиот костим, ние ќе бидеме многу загрижени. Покриен со кал, со лажна крв, со вистинска крв, протетички лузни, суперхеројски костими, обувки за танцување или шминка за кловн... тато секогаш се враќа дома“ – изјави Блејк.
Блејк и Рајан имаат три ќеркички: 7-годишната Џејмс, 6-годишната Инез и 3-годишната Бети. Полот на нивното неродено бебе сè уште не е откриен.





Креацијата која ја носи Блејк доаѓа од ателјето на Ралф Лорен.




На настанот, Рајан позираше и со својата мајка Тами.

Despite his busy work schedule, @VanCityReynolds is always present at home, says his wife @BlakeLively pic.twitter.com/HQ8uzVPI6h
— The Hollywood Reporter (@THR) November 18, 2022