Синот на Тијана Дапчевиќ денес наполни 12 години, а славната пејачка му го честиташе роденденот со пост на социјалните мрежи.
45-годишната ѕвезда објави фотографии од животот на Вук, заедно со порака.
„Мајкино најмило. Среќен 12-ти роденден. Да си здрав, среќен и паметен, те сакаат тато и мама до небото и ѕвездите и надвор од универзумот“ – напиша таа.




И Тамара Тодевска му го честиташе роденденот на својот внук на Instagram.„Мојата прва љубов денес полни 12 години. Среќен роденден, тета те сака бескрајно“ – стои во описот на нивното заедничко видео.