Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Татко ми ќе ја обожаваше“: Ќерката на „Ловецот на крокодили“ со малата наследничка во фотосесија

„Татко ми ќе ја обожаваше“: Ќерката на „Ловецот на крокодили“ со малата наследничка во фотосесија

Бинди Ирвин и нејзината 13-месечна ќеркичка ја красат корицата на неделникот „People“.

23-годишната ќерка на Ловецот на крокодили, Стив Ирвин, сними фотосесија со сопругот Чендлер Пауел и млата Грејс Вориор. Зад објективот застана нејзиниот брат Роберт.

Стив почина во 2006 година на 44-годишна возраст по убод од риба раја додека снимаше епизода од неговата документарна серија за животинскиот свет.

Бинди е пресреќна што нејзиното дете има голем број снимки на кои може да го гледа дедо си и што знае дека Стив создаде прекрасни документарци со кои ќе расте таа.

Бинди Ирвин Бинди Ирвин Бинди Ирвин

„Имаме многу документарци со Тато и секогаш ѝ ги пуштаме на Грејс. Забавно е да ја гледаме како го проучува. Страста кон животот и изразите на неговото лице ја пленат“.

„Дефинитивно гледам делови од Тато во Грејс. Неговата решителност и неспособноста да седи мирен. Мислам дека тоа е многу специјално и со возбуда чекам да ја гледам додека расте и ѝ се развива карактерот. Ако Тато беше тука, искрено, мислам дека никогаш немаше да ја гледам. Тој ќе беше заљубен во неа и ќе правеа сè заедно. Ќе ја гледавме само ако имаше потреба од хранење и потоа повторно ќе ја немаше.“

„Убаво е што без да знае тој ја создаваше најпрекрасната ТВ програма за нашата ќерка. Таа само зјапа во него со целосна фасцинација“ – рекла Бинди.

Бинди Ирвин

Бинди, Чендлер и Грејс живеат во „Australia Zoo“, зоолошка градина основана во 1970 година од семејството Ирвин.

Бинди Ирвин Бинди Ирвин Бинди Ирвин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.