Тамара Тодевска беше екстремно критикувана откако минатата година при изведбата на македонската химна изостави дел и додаде стихови од старата химна.
Во неодамнешно интервју, познатата пејачка изјави дека има шанси да си ја истетовира токму онаа строфа која ја заборави, бидејќи тоа на одреден начин го одбележа нејзиниот живот.
Тамара сподели фотографии од тетоважата на која пишува: Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански.

Во студиото за тетовирање, Тамара беше заедно со своите две деца.

По морето негативни коментари, Тодевска на социјалните мрежи минатата година јавно им се извини на македонските граѓани.
