Тамара Тодевска ги забавуваше гостите на хуманитарниот пикник во Скопје организиран од успешната општествено одговорна компанија Алкалоид. 34-годишната музичка ѕвезда настапи со свои хитови, а заедно со целата публика ја испеа и евровизиската песна „Proud“.
На настанот, организиран од страна на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, кој се одржува деветта година по ред, беa собрани 1,2 милиони денари. Средствата се донирани на Здружението на граѓани „О2“.
„По деветти пат, вработените во Алкалоид, нивните пријатели, нивните роднини ја покажуваат својата свесност, ја покажуваат својата потреба да помагаат, да донираат. Во моментот, она што е најголем предизвик за сите нас, тоа е здравата животна средина, тоа е нашата околина, тоа е воздухот кој ни треба, затоа што нашето мото е ‘Здравјето пред сè’, и од тој аспект, оваа година, одлуката падна да овие средства кои ги собравме, кои се некаде околу 1.200.000 денари, да ги донираме на граѓанската организација 'O2'. Тоа се едни прекрасни дами тука, борци за нашиот воздух и за мене е голема гордост и чест, што можеме да помогнеме, да допринесеме, барем на еден мал начин да ја подигнеме оваа свест. Затоа што сметам дека тоа е клучот. Затоа што ние можеме сè што сакаме да имаме во животот, но ако не го имаме здравиот воздух, нема да го имаме ни здравјето“ – изјави Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид”.
„Нашата идеја е да работиме на покревање на јавната свест како што тоа го правевме и досега, но истовремено преку нашите акции коишто заедно ќе ги работиме и се надеваме понатаму на вашата поддршка и во реализацијата на акциите кои ќе ги работиме, да ги мотивираме и поттикнуваме и институциите и генерално државата за да го сфати овој проблем многу посериозно“ – рече Ели Пешева, претставник и основач на „О2 Иницијатива”.
Тамара за својот настап беше облечена во црно-бела комбинација.
Во својот стајлинг, таа вклучи накит од италијанскиот бренд Rebecca, кој има продажно место и во ТЦ Рамстор во Скопје. Ланчето доаѓа од колекцијата Ninna Nanna, инспирирана од безусловната љубов меѓу мајката и нејзиното дете, додека белегзијата е дел од колекцијата Piccoli Cuori.