Тамара Тодевска синоќа одржа емотивен хуманитарен концерт посветен на погодените семејства од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
На сцената во МКЦ, 39-годишната пејачка изведе голем број свои хитови, ја испеа „Ако утре ме нема“ од ДНК, а ја разнежни публиката и со настапот со песната „Време за плачење“.
По завршувањето на концертот, Тамара доби силни прегратки и цвеќиња од своите две деца Хана и Дарен. „Немам зборови за вечерашната магија... емоции, љубов и хуманост. Ви благодарам на сите“ - напиша македонската музичка ѕвезда на социјалните мрежи.



Нејзиниот партнер Лука Радовиќ гордо ја гледаше од публиката и објави видео на кое напиша: „Кога ќе ја гледаш со недели колку е посветена и колку труд има вложено да вечер го приреди ова и на луѓе што ја гледаа и на фамилиите кои изгубија најмили во трагедијата... Горд е мал збор. Вечер ја напиша историјата. Фала љубави“.





Сите средства кои беа собрани од продажбата на картите ќе бидат донирани.
Тодевска носеше уникатна креација создадена во соработка со дизајнерот Александар Ношпал специјално за хуманитарниот концерт.



