Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тага и драма: Емотивен прв трејлер за новиот филм за принцезата Дијана со Кристен Стујарт

Тага и драма: Емотивен прв трејлер за новиот филм за принцезата Дијана со Кристен Стујарт

Пристигна првиот трејлер за кралската драма „Spencer“. Кристен Стујарт ја портретира принцезата Дијана во деликатни моменти од животот.

Трејлер:

Новата драма за кралското семејство ќе го опфати „критичниот викенд“ во раните 90-ти години, кога Дијана одлучи дека бракот со принцот Чарлс нема да продолжи.

Изборот Кристен да ја има главната улога поттикна многу коментари. Режисерот Пабло Лараин за Deadline појасни: „Кристен е една од најдобрите актерки на денешницата. За да го направиш ова добро, потребно ти е нешто многу важно во филмот, а тоа е мистерија. Кристен може да биде многу нешта, може да биде мистериозна и многу ранлива, а исто така и многу силна и нам тоа ни е потребно.“

Кристен Стујард Кристен Стујард Кристен Стујард

Филмот ќе се фокусира на кревката и турбулентна врска на Дијана и Чарлс и нејзината огромна љубов кон синовите, принцот Вилијам и принцот Хари.

Кристен Стујард Кристен Стујард

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11415 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.