Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сури Круз веќе има колекција чевли од 150.000 долари

Сури Круз веќе има колекција чевли од 150.000 долари

Петгодишната ќерка на Том Круз и Кејти Холмс уште од мала е пред објективите на папараците и во центарот на вниманието на новинарите. Нејзиниот стил на облекување често добива позитивни и негативни критики, а уште почесто се шпекулира за вредноста на облеката која таа ја носи.

Според најновите информации на списанието Star, Сури веќе поседува колекција чевли вредна 150 000 долари.

Сури Круз

„Сури има многу дизајнерски чевли. Таа е голем обожавател на Марк Џејкобс и поседува неколку пара специјално направени за неа, па ако не доаѓаат со штикла, Кејт ги редизајнира за Сури. Пред извесно време таа нарача и Лобутинки“ – изјавил близок до семејството.

Малата Сури како што растела не сакала да носи ништо друго освен дизајнерски чевли и плачела ако чевлите немаат штикла.

„Таа плаче ако Кејти посегне по обувки кои немаат нешто како штикла“ – пишува списанието, потпирајќи се на зборовите на анонимниот извор.

Сури Круз

Минатата година Кејти Холмс понесе многу негативни критики затоа што ѝ дозволува на својата ќерка да носи чевли со штикличка. Многу специјалисти предупредија дека иако се мали, штиклите не се соодветни за дете во развој.

Но, чевлите не се ништо во споредба со облеката на Сури. Облеката на малото девојче се проценува на 3,2 милиони долари.

Пред извесно време Сури се најде на листата на најдобро облечените жени на списанието Glamour, што е малку чудно со оглед на нејзината возраст.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9478 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.