Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Стив“ од „Беверли Хилс“ се разведува од сопругата со која имаат две ќерки

„Стив“ од „Беверли Хилс“ се разведува од сопругата со која имаат две ќерки

Иан Зиринг и Ерин Лудвиг не се повеќе заедно.

55-годишниот актер, кој се прослави со улогата на „Стив“ во хит-серијата „Беверли Хилс 90210“, и 34-годишната Ерин поднесоа документи за развод и за одредување на старателството над двете мали ќеркички. Тие беа заедно 9 години.

Иан Зиринг Иан Зиринг

Иан ја објави веста за разделбата пред 5 дена на Instagram, а поранешниот пар вчера ја започна бракоразводната постапка.

„Со тешко срце ви соопштувам дека со Ерин се разделуваме. Со нашите хаотични работни ангажмани не можевме да бидеме позафатени и во последните неколку години тргнавме во различни правци. Таа е една од најневеројатните жени кои сум ги сретнал и е најдобрата мајка на нашите деца. Забележав дека се пишуваат нешта за да се сензационализира ситуација која не е сензационалистичка. Секој цитат препишан на мое име е тотална лага и е измислен од хејтерите за да ги уништат нашите намери да продолжиме да се согласуваме, да ги заштитуваме и да ги израснеме нашите ќерки и да бидеме пример за успешни ко-родители. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во ова тешко време додека се фокусираме на она што е најважно, нашите ќерки. Љубов и мир, Иан“ – напиша тој.

Парот ја започна својата врска во 2009 година, а стапи во брак во мај 2010 година. Иан Зиринг Иан Зиринг Тоа беше втор брак за Зиринг, кој во 1997 година се ожени со Плејбој зајачицата Ники Шилер.

Иан Зиринг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27554 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.