Енрике Иглесијас вчера го прослави 47-миот роденден, а неговата сакана Ана Курникова му честиташе со сладок пост на Instagram.
40-годишната поранешна тенисерка објави фотографија на која позираат со нивните три дечиња и во описот напиша: „Среќен роденден на најневеројатниот ТАТО! Те сакаме многу“.
На фотографијата, Ана ги држи близнаците Луси и Николас, додека нивната најмала ќеркичка Мери седи на рамената на Енрике.


Вчера, во светот се славеше Денот на мајката, па по тој повод Енрике објави видео од Ана.
Парот започна да се состанува во 2001 година откако Ана се појави во спотот на Енрике за песната „Escape“. Тие добија близначиња во декември 2017 година, а целата бременост беше чувана во тајност. Нивната најмала ќерка се роди на 30 јануари 2020 година.

