Македонската публика со голема возбуда синоќа го следеше евровизиското финале. Тамара Тодевска со „Proud“ долго време беше на врвот на табелата со поени, но голем пресврт настана откако беа вкалкулирани поените од гласовите на публиката и како победник се истакна Холандија.
Нашата претставничка доби вкупно 237 поени од жиријата во секоја земја учесничка и само 58 поени од телевоутингот додека Холандија имаше 231 поен од жиријата и дури 261 од публиката.


Погледнете кои земји гласаа за нас:
Гласовите на стручните жирија за Тамара

Стручните жирија од Швајцарија, Австрија, Молдавија, Албанија, Велика Британија и Србија ни доделија по 12 поени, по 10 добивме од Италија, Данска, Норвешка, Хрватска, Унгарија и Ерменија, по 8 од Азербејџан, Латвија, Полска и Исланд, по 7 од Германија, Романија, Австралија, Чешка, Финска, Франција и Црна Гора.
Португалија и Ирска ни доделија по 5, Русија 4, Малта и Холандија по 3, Словенија 2 поени, а Сан Марино и Грција ни дадоа по 1 поен.
Вкупно: 237
Гласовите од публиката за Тамара
Гледачите од регионот покажаа најголема поддршка за Тамара. Имено, Србите и Словенците ни доделија по 12 поени, Хрватите 7, а Албанците и Црногорците по 6.

Вкупно: 58
Како гласавме ние?
Македонските гледачи најпозитивно го оценија настапот на Албанија, а српската претставничка од нас доби 10 поени.

Македонското жири ги почести Италијаните со 12, а Австралија со 10 поени.
