Софија Вергара и Џо Манганиело се заколнаа на вечна љубов пред точно 7 години.
За да ја одбележат годишнината од бракот, 50-годишната ѕвезда од „Modern Family“ и 45-годишниот актер споделија фотографии од нивната свадбена прослава која се одржа во Флорида во 2015 година.
„Те сакам“ – напишаа двајцата во описот.
На фотографиите, Софија шармира во креација од Зухаир Мурад и накит од Лорејн Шварц. Венчаницата беше изработувана специјално за неа од 32 лица кои работеле вкупно 1.657 часа.







