Семејството на Софи Тарнер и Џо Џонас се прошири. Ѕвездата од „Game of Thrones“ се породи и донесе на свет уште едно девојче.
„Џо и Софи се среќни што го најавувуваат доаѓањето на нивната ќеркичка“ – изјавил извор близок до парот за People.


Тарнер и Џонас стапија во брак во мај 2019 година, а нивната прва ќерка Вила се роди во јули 2020 година.


Славниот пар не го експонира приватниот живот пред будното око на јавноста и не споделува семејни фотографии на социјалните мрежи.
