Антониа Гиговска одушеви со уште една маестрална изведба во „Ѕвездичките на Пинк“.
18-годишната пејачка ја испеа „Полско цвеќе“ од Тоше Проески и предизвика бура од емоции кај сите присутни.
„Сакам оваа песна да му ја посветам на нашиот Тоше Проески, којшто сум сигурна дека нè гледа од горе и се радува на сè ова што јас го правам. Тој е мој идол“ – изјави Антониа по настапот.
Гоца Тржан со солзи во очите ја слушаше изведбата, па изјави: „Тоше во јануари оваа година ќе наполнеше 38 години. Ќе беше во најдобрите годии и ќе пееше како змеј! Но, бидејќи го немаме него, те имаме тебе, па оваа песна ја отпеа фамозно.“