Кети Пери и Орландо Блум уживаат во топлото време на Хаваи заедно со нивното бебенце.
36-годишната пејачка и 44-годишниот актер беа фотографирани на плажа со








Минатиот месец, Кети зборуваше за периодот по нејзиното породување. „Она за коешто никој не зборува се првите шест недели по породувањето. Боже, тоа е лудо! Каков ролеркостер!“ – рекла таа, а потоа зборувала за излегувањето на нејзиниот албум непосредно по породувањето.
„Излезе мојот петти албум... Знаете за секој друг албум имаше некаква прослава или забава или вечера... Овој пат, го раѓав најголемиот дар од сите за мене. Следниот ден излезе мојот албум, а јас бев на болница и не можев да си го избришам задникот. Си помислив, ова е најневообичаеното објавување на албум за мене.“
„Започнав со снимање на четвртата сезона на American Idol пет месеци по породувањето. Не ми беше таков планот. Само помислував колку е напнато тоа. Да се породиш и да се вратиш на работа и да доиш... Си реков: ‘Ова е тоа што го прават жените? О Боже!’“ – додала Пери.













Кети и Орландо започнаа да се состануваат во јануари 2016 година, но се разделија во февруари 2017 година. Тие ја обновија врската една година подоцна, а ја добија ќеркичката Дејзи во август минатата година.
