Силвестер Сталоне со сопругата Џенифер Флавин и ќерката Систин зачекори на црвениот тепих во Кан на свеченоста посветена на неговата досегашна кариера.
72-годишниот актер гордо позираше покрај 50-годишната сопруга и 20-годишната ќерка. И тројца беа облечени во креации од Ралф Лорен.
На свеченоста беше прикажан „Rambo: First Blood“ од 1982 година, а беше емитуван и трејлерот за последниот од филмовите со Рамбо, „Rambo V: Last Blood“, чија премиера е закажана за 20 септември.
Славното трио присуствуваше и на церемонијата по повод затворањето на Канскиот филмски фестивал.