Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сиа дозна дека папараци продаваат голи фотографии од неа, објави една на Twitter

Сиа дозна дека папараци продаваат голи фотографии од неа, објави една на Twitter

Сиа измами многу насмевки и доби многу пофалби откако „како кралица“ се справи со информацијата дека папараци продаваат голи фотографии од неа.

Откако дозна дека некој се обидува да обелодени фотографии на кои таа се релаксира како од мајка родена, славната пејачка сподели една од нив на Twitter и напиша: „Некој се обидува да им продаде голи фотографии од мене на моите фанови. Зачувајте си ги парите, еве ја бесплатно. Секој ден е Божиќ!“

Сиа, која секогаш настапува со сокриен лик зад перика и е многу заштитнички настроена кон својот приватен живот, е меѓу најуспешните пејачки и текстописци. Таа има напишано многу хитови за ѕвезди како Ријана, Адел и Бијонсе.

Сиа Сиа Сиа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27157 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.