Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сензуалната Моника Белучи за Vanity Fair: „Возраста не е пречка како што беше за нашите мајки или баби“

Сензуалната Моника Белучи за Vanity Fair: „Возраста не е пречка како што беше за нашите мајки или баби“

Моника Белучи е убавицата која ги краси страниците од новото издание на „Vanity Fair“ Италија. 52-годишната Италијанка зрачи со одмерен сексапил на фотографиите направени за популарното списание.

Во интервјуто за списанието, холивудската ѕвезда зборувала за природното стареење и своите две ќерки Дева и Леони.

Моника Белучи Моника Белучи

„Ги прифаќам промените кои ги носи времето. Денес, верувам дека секоја возраст е уште еден начин да се пронајдеш себеси. Сметам дека тоа не го мислам само јас, туку и многу жени од мојата генерација. Ние сега се почитуваме себеси повеќе и сфаќаме дека можеме да бидеме убави и на 40, 50, 60 и 70 години. Погледнете околу себе, возраста повеќе не е пречка како што беше за нашите мајки или баби“ – рекла Моника во интервјуто.

Моника Белучи Моника Белучи

На прашањето како се нејзините ќерки, Белучи изјавила: „Моите ќерки се здрави, одлични во училиште, космополитски, зборуваат пет јазици. Тие патуваат многу со мене, се навикнуваат да спијат во хотел или во различна куќа, без да се дестабилизираат на промените. Се надевам дека ќе можам да им ја дадам самодовербата која доаѓа одвнатре, чувството на љубов кое ти дава сила во животот“.

Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11327 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.