Тифани Трамп стана мајка.
Ќерката на претседателот на САД, Доналд Трамп, се породи вчера и ја сподели првата фотографија од стапалото на нејзиното бебенце. На Instagram, 31-годишната родилка напиша:
„Добредојде на овој свет слатко детенце, Александар Трамп Булос. Те сакаме повеќе отколку што може да се опише со зборови! Ти благодарам што дојде во нашите животи. 15.05.2025“.

Новата мајка направи забава пред раѓањето на бебето на почетокот од април, на која откри дека очекува момче.


Тифани му е ќерка на Доналд од неговиот втор брак со поранешната актерка Марла Мејплс. Нејзината свадба со милијардерот Мајкл Булос се одржа во 2022 година.



