Милионерот Џанлука Ваки и Шерон Фонсека снимија слатка фотосесија со ќеркичката Блу.
28-годишниот модел и 55-годишниот бизнисмен позираа со слаткото девојче во својот дом во Мајами пред објективот на фотографот Хуан Мур.
„Семејниот живот е најголемиот благослов. Група која заедно сонува, се смее, игра и сака. Оние на кои секогаш можеш да сметаш. Секогаш присутно не само во добрите времиња. Најскапоцениот подарок“ – напиша Шерон на Instagram.









Иако приказните на Шерон го прикажуваат нејзиниот живот на совршен начин, таа не крие дека социјалните мрежи не ја доловуваат целата реалност. Пред неколку дена, на нејзина фотографија, Instagram корисник коментираше: „Колку голема среќничка си... Твојот живот изгледа совршено“, а на тоа Шерон возврати:
„Навистина се чувствувам среќно и благодарно, но исто така имам искусено загуба, тага и гнев, подеми и падови, исто како и сите други луѓе. Отсекогаш сум била позитивна личност и сум гледала на убавата страна кога тоа е возможно, па тоа е она што сакам да го споделувам. Но, запомнете дека социјалните мрежи се само мало прозорче и „филтрирана реалност“, бидејќи во животот има многу повеќе нешта кои тука не се гледаат“.

Парот започна да се состанува во 2018 година, а Блу се роди во октомври 2020 година.
