Ќерката на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ наполни 10 години, а славниот српски пар не пропушти да ѝ го честита роденденот и пред јавноста.
38-годишната пејачка и 43-годишниот актер објавија фотографии со малата Нина на Instagram.
„Среќо најголема! Среќна да ти биде првата деценија од животот! Секогаш вака да се смееш!“ – напиша Јелена во описот на фотографија на која сите тројца искрено се смеат и се забавуваат покрај фонтана.

„Оваа малечка денес полни 10 години. Моја. Наша. Нина“ – напиша Босиљчиќ.
Јелена и Иван стапија во брак во 2011 година.