Кристијано Роналдо се гордее со својот син, кој ги следи неговите стапки во светот на фудбалот.
Откако Кристијано Роналдо Џуниор го одигра првиот натпревар во дресот на Португалија, славниот фудбалер не остана рамнодушен и сподели фотографии со порака на Instagram.
„Честитки за твоето деби за Португалија, сине. Многу се гордеам со тебе“ – напиша португалската ѕвезда.



Кристијано Џуниор беше дел од У15 репрезентацијата на Португалија за време на натпревар на интернационалниот турнир „Влатко Марковиќ“ во Хрватска. На спортскиот настан, од публиката го следеше неговата баба Марија Долорес, која му е мајка на Кристијано Роналдо.



14-годишниот тинејџер и неговиот тим постигнаа победа од 4-1 против екипата на Јапонија. Тој го носеше бројот 7, истиот број под кој настапуваше и татко му за својата татковина.







Фудбалерот го доби синот Кристијано Роналдо Џуниор во јуни 2010 година. Никогаш не беше откриен идентитетот на мајката.
