Сестрите Хадид се фокусираа на различни аспекти од темата „Heavenly Bodies: Fashion and the Catholic Imagination“ на балот МЕТ.
На свеченоста која го потенцираше влијанието на Католицизмот врз модата, Џиџи со својот стајлинг потсетуваше на ангел и светица додека Бела на готска принцеза и грешница.

Креацијата на Џиџи е дело на модната куќа Версаче, а е инспирирана од витраж во црква и ангелски крилја.















Мрачната комбинација на Бела вклучуваше фустан од брендот Chrome Hearts. Во нејзината коса беше „зашиен“ вел тежок 4,5 килограми.











