Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Свадбените фотографии на Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Свадбените фотографии на Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ ја крунисаа својата љубов со брак пред четири дена, а денес списанието „Hello“ ги објави официјалните фотографии од свадбената церемонија.

На фотографијата од корицата младенците не ја кријат својата среќа и Новак ја прегрнува својата сакана, поставувајќи ги дланките на нејзиното бремено стомаче.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

За големиот ден Јелена избра венчаница од модната куќа Александар МекКвин, дизајнирана од Сара Бартон, креаторката која беше ангажирана и за венчаницата на војвотката Кетрин.

„Кога ја видов за првпат во нејзиниот невестински фустан, додека чекореше кон мене насмевната, таа изгледаше како ангел“ – рекол Новак во интервју за списанието.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Парот се венча на бајковитиот остров Свети Стефан во Црна Гора. „Со оглед на тоа дека и јас и Јелена многу сакаме море, лесно ја избравме идеалната локација. Црна Гора им е блиску на нашите семејства и на пријателите, а местото каде што се одржа венчавката навистина е магично. Баш како што си замислувавме. Преубава природа, море, шума...“ – рекол Новак.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

„Се фокусирав на неа, на нејзината насмевка и на нашето бебе. Тоа навистина беше совршен момент... Се женам за жената која ја сакам и нема подобро чувство од тоа“ – додал тој.

Јелена, која е во шестиот месец од бременоста, била многу емотивна и пролеала и неколку солзи радосници. „Новак е прекрасен, многу емотивен, посветен, паметен и забавен. Започнавме да се забавуваме кога бевме многу млади, кога животот не ни беше ни приближно сличен на сегашниот. Но, ниту малку не се променивме, останавме оние исти Ноле и Јелена. Љубовта отсекогаш ни била на прво место и многу сум горда на ова што го имаме. Сите подеми и падови, сѐ е полесно кога сме заедно“ – рекла таа.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Свадбениот танц на идните родители започнал со „Because You Loved Me“ од Селин Дион.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Во текот на вечерта гостите имале можност да погледнат краток филм кој ја раскажувал љубовната приказна на парот.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.