Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сандра Булок – нова жртва на „клетвата на оскарот“

Сандра Булок – нова жртва на „клетвата на оскарот“

Дали последната добитничка на оскарот за најдобра актерка, Сандра Булок, веќе стана жртва на таканаречената „клетва на оскарот“?

Сандра Булок го откажа своето присуство на лондонската премиера на драмата „The Blind Side“, откако американското списание In Touch ја објави веста дека нејзиниот сопруг ја изневерувал.

Сандра Булок и Џеси ЏејмсСандра Булок и Џеси Џејмс на доделувањето на оскарите.

In Touch објави ексклузивно интервју со манекенката Мишел “Bombshell” МекГи, која тврди дека имала 11-месечна афера со сопругот на Булок. Tетовираната манекенка признала дека имала сексуална афера со Џеси Џејмс, додека Сандра била отсутна за време на снимањето на филмот „The Blind Side“.

Мишел изјавила и дека никогаш не би ја започнала аферата ако знаела дека Сандра и Џејмс се сè уште заедно. Според нејзината изјава, Џејмс ја подвел да верува дека се разделени со Сандра.

Мишел МекГиМишел МекГи

„Кога го запрашав што се случува со Сандра, тој ми рече: Таа не живее тука. Има своја куќа во Остин. Снима филм и не можам да зборувам за тоа“ – изјавила Мишел.

Познатото списание People објави вест дека Сандра ја напуштила куќата во која живееле заедно во Џејмс уште во понеделникот, пред да биде објавена веста за изневерувањето.

Сандра Булок е уште една од многуте актерки чии врски или бракови се распаднаа кратко време по добивањето на оскар. Затоа, многумина тоа го нарекуваат „клетвата на оскарот“.

Претходни „жртви на оскарот“ се добитничките Хилари Свонк, Хали Бери, Рис Витерспун и Џулија Робертс.

Во понеделникот, минатогодишната добитничка на оскар Кејт Винслет објави дека се разведува од режисерот Сем Мендез.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.