Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Салма Хајек со 14-годишната ќерка Валентина во заедничка фотосесија за „Вог“ Мексико

Салма Хајек со 14-годишната ќерка Валентина во заедничка фотосесија за „Вог“ Мексико

Салма Хајек ја сними првата заедничка фотосесија со ќерка си Валентина.

Славната холивудска актерка позираше со 14-годишната девојка за мексиканското издание на списанието „Вог“.

Дуото мајка-ќерка носеше креации од модната куќа Гучи.

„Станав мајка многу доцна. Го направив тоа затоа што го најдов партнерот на мојот живот, кој имаше стабилна кариера, но веќе толку многу сакав да ја имам оваа ќерка што ништо друго не ми беше важно“ – изјавила 55-годишната ѕвезда.

Салма Хајек со ќерка си Салма Хајек со ќерка си Салма Хајек со ќерка си

Во интервјуто, Валентина открила дека сака да ги следи стапките на мајка си и да стане актерка. „Сакам да бидам актерка, а потоа режисерка“ – рекла таа.

Хајек, пак, признала дека честопати со Валентина се караат за облеката, бидејќи таа обожава да позајмува парчиња од плакарот на мајка си.

„Се караме за облеката, бидејќи таа ми зема сè од мојот плакар. Уште од мала не ми дозволува јас да ѝ ја избирам облеката, што ми се допаѓа“ – додала Хајек.

Салма Хајек со ќерка си Салма Хајек со ќерка си Салма Хајек со ќерка си Салма Хајек со ќерка си Салма Хајек со ќерка си

Валентина е ќерка на Салма и Франсоа-Анри Пино.

Салма Хајек со ќерка си

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27836 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.