Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Салма Хајек покрај ќерка си и сопругот ја прими својата ѕвезда на холивудската Патека на славните

Салма Хајек покрај ќерка си и сопругот ја прими својата ѕвезда на холивудската Патека на славните

На Салма Хајек ѝ беше оддадена една од најголемите почести во Холивуд.

55-годишната актерка доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. На церемонијата, ѕвездата од „Eternals“ шармираше во црна креација со сребрени детали. Салма беше придружувана од сопругот Франсоа-Анри Пино, 14-годишната ќерка Валентина Палома и бројни роднини и пријатели.

Салма Хајек Салма Хајек Салма Хајек Салма Хајек Салма Хајек Салма Хајек Салма Хајек

Во својот говор, Салма зборуваше за пречките кои ги надминала за да стигне онаму каде што е.

„Се сеќавам дека во студиото многупати ми рекоа: ‘Зошто не се вратиш на теленовелите? Никогаш нема да најдеш работа тука. Па си реков: ‘Никој не ме сака тука. Ме сакаат во мојата земја. Но, останав. Останав’’

„Сакам да им кажам на сите кои се тука, на сите мои прекрасни фанови: Ако се прашувате што ми даде храброст за да останам, ќе речам дека тоа бевте вие, бидејќи иако не ме познаваа тука во Холивуд, во студијата, сите Латиноамериканци кои се тука во САД знаеја која сум. Тие разбираа дека дојдов тука со соништа како нив“ – рече славната Мексиканка во својот говор.

Салма Хајек Салма Хајек Салма Хајек Салма Хајек Салма Хајек Салма Хајек Салма Хајек Салма Хајек Салма Хајек Салма Хајек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.