Започна светската промоција на најновиот дел од франшизата „Fast & Furious“. На премиерата на „Fast X“ во Рим се собра речиси целата актерска екипа.
Меѓу ѕвездите беше и Џејсон Стејтам. Актерот, кој го глуми Декард Шо, пристигна на филмскиот настан заедно со убавата вереница Роузи Хантингтон-Вајтли.
Атрактивната манекенка носеше црна креација со висок шлиц од Долче и Габана, додека Стејтам беше облечен во облека од Ботега Венета.












