Елена Ристеска ѝ приреди изненадување на верна обожавателка, која редовно ги следи сите нејзини настапи.
32-годишната пејачка отиде во Тетово за да ја посети Љупка Илиевска – Бубе и да ѝ даде подарок за нејзиниот 25. роденден.
„Уште сум збунета од неверување од тоа што го добив прекрасниот подарок“ – напиша Бубе во описот на фотографиите со популарната музичарка.


Бубе постојано споделува видеа од Елена и е основач и на страница за нејзини обожаватели.