Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Роби Вилијамс ќе се жени утре со Ајда Филд

Роби Вилијамс ќе се жени утре со Ајда Филд

Роби Вилијамс утре ќе стане женет човек. 36-годишниот пејач ќе стапи во брак со 31-годишната актерка Ајда Филд на мала церемонија на островот Санта Каталина.

Роби и АјдаРоби Вилијамс и Ајда Филд

Прекрасниот остров, кој често е опишуван како рај, е омилено место за поминување на медениот месец на многу младоженци. По церемонијата, двајцата вљубени ќе останат 2 седмици на островот, пред Роби да се врати во Велика Британија за да го промовира новиот сингл со Take That, насловен како Shame.

Островот Санта КаталинаОстровот Санта Каталина, каде што ќе се одржи интимната церемонија

Ајда и Роби се заедно од 2007г., а пред една година започнаа и да живеат заедно. Кон крајот на ноември минатата година Роби ѝ предложи брак на Ајда во живо во емисија на австралиската радио-станица „2Day FM“, но подоцна изјави дека тоа било шега и дека не се свршени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10612 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.