Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Роби Вилијамс: „Не сме свршени“

Роби Вилијамс: „Не сме свршени“

Роби Вилијамс

Роби Вилијамс одрече дека е свршен со својата девојка Ајда Филд.

На сајтот Robbiewilliams.com, тој кратко напиша:

„Здраво на сите. Ние не сме свршени. Роб x.“

Оваа вест доаѓа само по еден ден откако неговата мајка за BBC Radio Five Live изјави дека дефинитивно Роби е свршен со Ајда.

Популарниот пејач пред неколку дена ја побара за жена својата девојка во емисија на австралиската радио-станица „2Day FM“.

Веднаш потоа неговиот менаџер изјави дека тој предлог за брак бил шега. Но, откако неговата мајка отворено ја потврди свршувачката, сите официјално го сметаа Роби за женет човек.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.