Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Роби Вилијамс надвладеан од емоции ја испеа „Angels“ за жртвите во Манчестер

Роби Вилијамс надвладеан од емоции ја испеа „Angels“ за жртвите во Манчестер

Роби Вилијамс беше една од музичките ѕвезди кои настапија на хуманитарниот концерт во Манчестер, посветен на засегнатите од терористичкиот напад кој се случи на 22 мај.

43-годишниот пејач им ја посвети својата песна „Angels“ на жртвите во нападот, но за време на изведбата, беше совладан од емоциите. Дел од песната, наместо Вилијамс, ја пееше бројната публика.

Видео

Роби Вилијамс Роби Вилијамс Роби Вилијамс Роби Вилијамс

Солзите го спречија славниот музичар да ја изведе песната и пред неколку дена, за време на негов концерт во Манчестер. И тогаш, публиката ја презеде „одговорноста“ да го заврши настапот.

Видео

Во концертот учествуваа и поранешните колеги на Роби од групата Take That. По нивниот настап, тие го поканија Вилијамс да им се придружи на сцената и заедно се поклонија пред публиката.

Роби Вилијамс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11919 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.