Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ријана: „Љубовта е слепа“

Ријана: „Љубовта е слепа“

РијанаРијана во „Добро утро Америка“

Во интервју за „Добро утро Америка“, Ријана го отвори своето срце и за прв пат зборуваше за трагичниот инцидент, кој ѝ го промени животот. Таа искрено раскажа за хоророт низ кој помина, кога беше брутално претепана од нејзиниот дечко, Крис Браун.

„Тоа не беше истата личност, која ми велеше Те Сакам. Тоа не беа истите очи... Не можев да видам душа во неговиот поглед, само празнина. Очигледно не беше при себе.“

За нечовечкото насилство кое го изврши, Браун беше осуден на 5 години условна казна, 6 месеци општествено корисна работа и една година советување против домашно насилство.

И покрај тоа што Браун јавно призна и ѝ се извини, Ријана никогаш не му простила вистински. Во емоционалното интервју Ријана отворено раскажа дека по инцидентот го лажела Крис дека не го мрази. „Го мразев. Сè што беше поврзано со него ме вознемируваше.“

Ријана призна дека после инцидентот се вратила во прегратките на Браун, но откако сфатила дека таа нејзина одлука влијае врз животот на многу жени кои минуваат низ истото, го напуштила.

„Кога сфатив дека мојата себична одлука може да влијае врз тоа некоја млада девојка да биде убиена, не можев да се помирам со тоа. Не можам да бидам одговорна... Ако Крис не ме удри никогаш повеќе, кој вели дека нивните дечковци нема да го направат... До тој момент не знаев колку многу влијание имав врз тие девојки.“

Ријана им порачува на сите жени, кои живеат со насилството, да се обидат да погледнат на ситуацијата одстрана, како трета личност и тогаш да донесат одлука, затоа што „љубовта заслепува.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9472 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.