Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ријана: 500 000 долари за новогодишната ноќ

Ријана: 500 000 долари за новогодишната ноќ

Ријана на доделувањето на АМА

Додека најголемиот дел од луѓето во светот на 31 декември слават трошејќи, ѕвездите од шоу-бизнисот гледаат на нова година како на уште еден работен ден.

Зошто? Затоа што нивните хонорари за новогодишната вечер ги надминуваат сите очекувања.

Екстравагантната Ријана ќе биде само една од ѕвездите кои ќе ја поминат последната вечер од годината работно. За нејзиниот настап во Emirates Palace Hotel во Абу Даби, младата пејачка ќе добие неверојатни 500 000 долари.

Тоа ќе биде првиот настап на Ријана на Блискиот Исток. Таа требаше да има настап во Дубаи во мај оваа година, но го одложи поради трагичниот инцидент со Крис Браун.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10512 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.