Рафаел Надал пред неколку месеци официјално се пензионираше од тенисот, а сега во негова чест беше одржана специјална церемонија на Ролан Гарос.
Пред стартот на главниот турнир на Отвореното првенство на Франција, на
На трибините на „Филиш Шатрие“ сите носеа маички на кои пишуваше „Merci, Rafa“ во знак на благодарност кон него. Во публиката беше и неговата бремена сопруга Марија заедно со нивното синче Рафаел.






Како изненадување на настанот, се појавија најголемите ривали на Надал. Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј го испочитуваа и поздравија својот колега на теренот и позираа заедно.








