Џулија Робертс е вистинска пријателка. 55-годишната актерка му честиташе на Џорџ Клуни за добиеното признание на „Kennedy Center Honors“ и на настанот му оддаде почит на уникатен начин.
Славната холивудска ѕвезда зачекори на црвениот тепих во фустан со фотографии од Клуни, кој беше награден за својот придонес во американската култура.
Креацијата беше специјално направена од брендот Moschino.






На настанот беше присутен и сопругот на Џулија, Даниел Модер.



