Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Преубава во две венчаници: Дани Димитровска насмеана слави со пријателите и саканиот на свадбата

Преубава во две венчаници: Дани Димитровска насмеана слави со пријателите и саканиот на свадбата

По веселата прослава, Дани Димитровска повторно ги израдува своите фанови споделувајќи нови, досега необјавени моменти од својата свадба со Горан Веселиновски – Весел.

На Instagram, 46-годишната пејачка објави неколку фотографии кои совршено ја доловуваат радоста и среќата од најважниот ден од нејзиниот живот. На една од фотографиите, младенците нежно се држат за рака, додека на други тие позираат со пријателите.

Под објавата, Дани напиша кратко и емотивно: „Пријатели и љубов“.

Дани Димитровска Дани Димитровска Дани Димитровска Дани Димитровска

Свадбената прослава се одржа во скопски ресторан, каде Дани носеше два различни стајлинзи – венчаница со модерен корсет и плисирано здолниште, како и фустан со сребрени детали. Гостите уживаа во уникатната торта и веселата атмосфера, а за музиката се погрижија и нејзините колеги Ѓоко Таневски и Наум Петрески.

Дани Димитровска Дани Димитровска Дани Димитровска Дани Димитровска Дани Димитровска

Горан ја запроси Дани во јуни оваа година, а неколку месеци подоцна тие стапија во брак на интимна церемонија.

Дани Димитровска и Горан Веселиновски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29138 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.