Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Првите фотографии од свадбата на Петар Грашо и Хана Хулиќ која е бремена со првото дете

Првите фотографии од свадбата на Петар Грашо и Хана Хулиќ која е бремена со првото дете

Петар Грашо и Хана Хулиќ официјално запливаа во брачните води. Хрватскиот пар, кој уште од почетокот на врската привлекува големо внимание, се заколна на вечна љубов во црквата Св. Доминик во центарот на Сплит.

Првите фотографии од младенците веќе се шират меѓу нивните фанови и јавноста.

Среќната невеста, која го очекува првото дете, избра венчаница со ретро шмек од сплитското модно дуо Arileo. Фустанот бил изработен специјално за неа. Дизајнерот Јурица Пириќ изјавил: „Направивме неколку предлози и Хана многу брзо се одлучи, за едно 5-10 минути и рече еве ја венчаницата која ја сакам. Таа е прекрасна едноставна девојка... Дефинитивно нема да има мониста ниту чипка. Тоа не ми одговара на неа. Таа не е таков тип.“

По црковната церемонија, Грашо им се заблагодари на сите кои ги пречекаа пред црквата и заедно со избраничката се упати на прославата во ресторанот „Adriatic“.

45-годишниот пејач и 31-годишната музичарка се во врска помалку од една година. Нивното долгогодишно познанство премина во романса кратко време откако Петар ја прекина 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.