Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ се разделија по 24-годишна врска

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ се разделија по 24-годишна врска

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ раскинаа по 24-годишна врска.

Веста за разделбата ја пренесе Story.hr откако им ја сподели извор близок до парот. Веќе извесен период, 49-годишната пејачка и 45-годишниот пејач не живееле заедно.

Петар и Данијела се запознале во 1995 година и започнале да се состануваат две години подоцна. Тие никогаш не стапија во брак, но тврдеа дека врската им била преполна со разбирање, почит и емоции.

„Со Данијела во еден момент започнавме да живееме заедно и така во нашиот живот спонтано се вовлече чиста љубов. Сè беше спонтано. И кај нас секако е сè така веќе 20 години“.

„Луѓето со години нè прашуваат дали сме уште заедно и зошто не сме во брак. Само тоа нè прашуваат, а ние немаме одговор. Тоа нам ни е по малку смешно, бидејќи никогаш никој не нè прашува дали се сакаме, дали се почитуваме, дали се тепаме или се галиме. Најважно е да знаат дали сме венчани“ – рекол Грашо.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.