Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Данијела Мартиновиќ сними фотосесија со новиот партнер и зборуваше за нивната врска

Данијела Мартиновиќ сними фотосесија со новиот партнер и зборуваше за нивната врска

Данијела Мартиновиќ ја пронајде својата нова голема љубов. По раскинувањето со Петар Грашо, хрватската пејачка започна врска со криминалниот инспектор Јосип Плавиќ.

Новиот пар ја сними првата заедничка фотосесија за хрватското списание „Story“, а во интервјуто Мартиновиќ зборуваше за нивната врска и моментот на запознавањето.

„Се сеќавам на бојата на неговиот глас. Иако разговорот ни беше службен, а ситуацијата во која се најдов ми беше потполно непозната, зрачеше присебност и мир. На крајот на разговорот наместо ‘Збогум’, ми рече: ‘Нека те прати насмевка’! Веднаш знаев дека е посебна личност. Јосип е цврсто закотвен, со него нема тензии, секогаш наоѓа начин и на сè темелно пристапува“ – изјавила 52-годишната музичка ѕвезда. Тие се запознале пред една година, кога Данијела поднела пријава за крадење на нејзиниот идентитет преку интернет.

Данијела Мартиновиќ Данијела Мартиновиќ Данијела Мартиновиќ

Таа открила дека ужива кога со Јосип имаат авантуристички патувања со теренско возило на предизвикувачки шумски патеки. Данијела вели дека нејзиниот сакан патува со неа на концерти кога обврските му го дозволуваат тоа.

Данијела Мартиновиќ Данијела Мартиновиќ Данијела Мартиновиќ

Голем дел од жешките летни денови таа ги минувала во студио, каде подготвува два необични дуети.

Данијела неодамна ја издаде својата автобиографска книга „Tuširanje duše“.

Данијела Мартиновиќ Данијела Мартиновиќ Данијела Мартиновиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11441 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.