Ели Голдинг се омажи за својот сакан Каспар Џоплинг на традиционална церемонија во Северен Јоркшир, Англија.
32-годишната пејачка и 27-годишниот трговец со уметнички дела се заколнаа на вечна љубов во катедралата Јорк Минстер.

Венчаница на Ели доаѓа од ателјето на Chloé и била изработувана 640 часови.
























На свеченоста беа поканети бројни славни личности, како Кети Пери и Орландо Блум, Сиена Милер, принцезите Беатрис и Јуџини и нивната мајка Сара.


















Ели и Каспер се верија во август минатата година.
