Официјално е! Популарната серија „Sex and the City“ доби продолжение, но овој пат без Саманта Џонс.
Новата мини серија насловена „And Just Like That“ ќе ги следи Кери Бредшо, Миранда Хобс и Шарлот Јорк низ нивното патување во 50-тите години од животот.
Шоуто ќе се состои од 10 епизоди по 30 минути.

Сара Џесика Паркер (Кери), Синтија Никсон (Миранда) и Кристен Дејвис (Шарлот) на своите профили на Instagram го објавија првиот тизер за новата серија.
Серијата „Сексот и градот“ се емитуваше од 1998 до 2004 година. Потоа, следуваа две филмски продолженија на приказната, чии премиери беа во 2008 и 2010 година.

Ким Катрал (Саманта Џонс) нема да биде дел од новата мини серија. Низ годините странските медиуми постојано пишуваа дека Катрал не е во добри односи со Сара Џесика Паркер и поради тоа не сака да биде дел од продолжението на серијата.


