Семејството на Шон Конери ја потврди неговата смрт. Популарниот актер почина во сон додека со најблиските престојувал на Бахамите. Имаше 90 години.

„Тажен ден за сите кои го познаваа и сакаа мојот татко и тажна загуба за сите луѓе од целиот свет кои уживаа во прекрасната дарба која ја имаше тој како актер“ – изјавил неговиот син Џејсон Конери.
Конери е првиот актер којшто го портретираше ликот на Џејмс Бонд и во таа улога сними седум филма.
Во текот на 5-децениската кариера, Шон имаше освоено три награди Златен глобус и 2 награди БАФТА, а во 1988 година се закити со оскаровска статуетка за филмот „The Untouchables“.


Шкотската ѕвезда ќе остане запаметена и по „Murder on the Orient Express“, „The Hunt for Red October“, „Highlander“, „Indiana Jones and the Last Crusade“, „Dragonheart“ и „The Rock“.

