Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина сопругот на Британи Марфи

Почина сопругот на Британи Марфи

Сопругот на прекрасната актерка Британи Марфи, Сајмон Монџек, беше пронајден мртов во неговиот дом вчера вечерта.

По пристигањето на брзата помош, Монџек беше прогласен за мртов на самото место. Сè уште не е позната точната причина за смртта, но се претпоставува дека смртта е последица на проблемите со срцето кои ги имаше тој.

Британи Марфи и Сајмон МонџекБритани Марфи и Сајмон Монџек

Смртта на Монџек доаѓа само 5 месеци по трагичната смрт на неговата сопруга, 32-годишната Британи Марфи, која почина во истата куќа како и него.

По смртта на Марфи, многумина се посомневаа во Монџек, затоа што се обидуваше да го спречи извршувањето на аутопсија на телото на неговата сопруга. Но и покрај неговите инсистирања, беше извршена аутопсија и смртта на Британи беше класифицирана како несреќен случај.

Моџек ја зачувал целата облека и сите предмети на Марфи, затоа што не можел да ги тргне од нивниот дом. Исто така, се грижел за кучето на Марфи, иако изјавувал дека не е љубител на кучиња.

Монџек пред новинарите многупати споменуваше за плановите кои ги имале со неговата сопруга.

„Планиравме да имаме деца и да се преселиме во Њујорк наредната година. Ноќта пред да умре, разговаравме за бебешки имиња и рековме дека ако е машко ќе се вика Оливер, а ако е женско, Софи“.

Британи и Сајмон стапија во брак во мај 2007 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12036 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.