Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина раперот Кулио на 59 години, беше познат по хитот „Gangsta’s Paradise“

Почина раперот Кулио на 59 години, беше познат по хитот „Gangsta’s Paradise“

Раперот Кулио издиша за последен пат на 59-годишна возраст.

Кулио

Музичарот, кој најмногу се прослави со хитот „Gangsta’s Paradise“, бил пронајден мртов во домот на негов пријател каде бил на гости. Неговиот менаџер ја потврди лошата вест и рече дека Кулио отишол во тоалет во домот на негов пријател, но кога не излегол подолго време, пријателот започнал да му довикува, а потоа влегол внатре и го пронашол Кулио на подот.

Наводно, причина за смртта е срцев удар, но тоа допрва ќе биде официјално соопштено.

Кулио

Раперот, чие вистинско име е Артис Леон Ајви Џуниор, во 1995 година го објави хитот „Gangsta’s Paradise“ за филмот со Мишел Фајфер „Dangerous Minds“. Песната брзо се искачи на врвот на листата Billboard Hot 100 и остана таму три недели, а во 1996 година на Кулио му донесе Греми за Најдобра соло рап изведба.

Кулио Кулио

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.